понеделник, 3 март 2008

За името - Здружение на наставници по историја на РМ

ОБРАЌАWЕ ДО АМБАСАДИТЕ НА САД, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА, ЕУ И НАТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Почитуван Г-не амбасадор-амбасадорке,
Ви се обраќаме со мислење околу долгогодишниот спор помеѓу Република Македонија и Грција околу уставното име на нашата држава којшто кулминираше и ја достигна критичната точка, токму овие дни.
Почитуван, ние македонските историчари се чувствуваме повикани во овие судбоносни мигови за нашата земја да застанеме на браникот на единствената света вистина која го одржа македонскиот народ низ тешките премрежија на минатите децении и векови-Македонија. Во интерес на правдата, дозволете ни да Ви ги предочиме фактите на историјата кои се на страната на Република Македонија и нејзините долгодишни напори да се избори за зачувување на уставното име.
Екселенцијо, човековата историја досега не памети таков преседан кога една држава и народ се обидуваат да му го одземат правото на друг народ да се нарекува согласно неговите национални чувства. Денес, во услови кога целата човечка цивилизација се стреми кон општ прогресс и напредок во сите сфери на живеењето, нашиот јужен сосед Грција, со својата ирационална политика се обидува да не потсети на 19 век и на сеништата на балканските национализми кои доведоа до неколку големи крвопролевања во кои најмногу настрада нашата татковина Македонија. Спорот со Грција околу нашето вековно име Македонија има многу подлабоки историски корени коишто пошироката светска јавност малку ги познава. Затоа, почитуван г-не амбасадор, дозволете ни да ви посочиме некои аргументи кои ќе Ви ги предочат оправданите барања на Република Македонија да го зачува своето уставно име.
Уште кон крајот на 19 и почетокот на 20-ти век, Македонците кои сега се наоѓаат во делот од Македонија што се наоѓа во рамките на Република Грција беа подложени на жестока пропаганда и асимилаторска политика на тогашната грчка власт и црква. Вооружени грчки андартски чети крстареја низ Македонија и со употреба на сила се обидуваа да му всадат вештачка грчка национална свест на македонскиот народ. По Илинденското востание од 1903 година кое имаше македонска државно-правна платформа, се засилија пропагандите на балканските држави на целата етногеографска територија на Македонија поради стравот од формирање на посебна независна македонска држава. Откако увиде дека нема успех во асимилаторско-денационализаторските планови преку црквата, грчката власт се обиде да ја прикаже борбата за ослободување на Македонија од турска власт како “своја македонска борба” , со што се повеќе се потенцираше наводното грчко историско право врз името Македонија. Дури и во тие моменти кога македонското прашање беше балканскиот гордиев јазол, а Македонија беше разјадена од плановите на балканските монархии за нејзина поделба, организираното македонско национално ослободително движење не се двоумеше во својата борба и цели-создавање на независна држава Македонија. Ниту една македонска ослободителна организација немаше друго име за државната творба на македонскиот народ освен Македонија.
По Балканските војни и Букурешкиот мировен договор од 1913 година не се прифатија барањата на македонскиот народ за создавање на македонска држава и најголем дел од етногеографската територија на Македонија потпадна под грчка власт. Во такви услови македонскиот народ во грчкиот дел на Македонија беше подложен на еден бескруполозен терор и етничко чистење. Карнегиевата комисија што беше формирана од тогашната меѓународна јавност сведочеше за убиствата, теророт и прогонувањето на илјадници Македонци од нивните вековни огништа. Градовите Серес, Кукуш ги снема од лицето на земјата, а “цивилизираната” грчка војска внимателно ги уништуваше сите македонски национални и културни белези за да го докаже “грчкиот” карактер на Македонија.
По грчко-турската војна во 1923 година, тогашните грчки власти се обидоа поразот да го ублажат со нов бран на етничко чистење на Македонците од “Грчка Македонија” кога Европа и светот немо гледаа на уште еден преседан во меѓународните односи-размена на население на етничка и верска основа. Делот од Македонија под грчка власт стана предмет на “македонската политика” на Атина така што во него беа населени околу 640 000 колонисти од Мала Азија и Кафказието. Така грчката држава го дозаврши етничкото чистење на Македонците и овој дел од Македонија го насели со немакедонско население. Во таа шовинистичка еуфорија, сепак една политичка партија во грчкото политичко милје-КПГ се залагаше за создавање на независна македонска држава и правеше дистинкција помеѓу македонскиот и грчкиот народ. Тогашната меѓународна јавност, сепак успеа да најде сили и преку Друштвото на народите и наложи на грчката држава да престане со денационализаторската политика во Македонија под грчка власт. За потребите на македонските деца, под силен меѓународен притисок, грчката влада во 1925 година издаде учебник кој беше напишан на македонски јазик, со што дефакто официјална Атина го призна националниот карактер на Македонија и македонското прашање.
Во текот на Втората светска војна, од страна на грчката емигрантска влада повторно беше направен обид за политизација на името Македонија, кога таа како услов за соработка, ги услови антифашистичките сили во Грција да им откажат соработка на македонските организации во “грчка Македонија” што како ослободителна платформа го имаа создавањето на македонска национална држава. Државната грчка стратегија околу присвојувањето на името Македонија и давањето географско значење на него продолжи и за време на крвавата Граѓанска војна во периодот од 1946 до 1949 година. Официјалната грчка историографија и денес се обидува да и даде идеолошки белег на војната и покрај тоа што неоспорен е фактот дека една третина од борците на левичарската герилска војска беа и се декларираа како Македонци по националност и бараа присоединување кон новоформираната македонска држава во рамките на федерална Југославија или најмалку национална рамноправност на делот од македонскиот народ што се наоѓаше во рамките на грчката држава. Драматичниот крај на грчката граѓанска војна ја означи и последната етапа од проектот-етничко чистење на “грчка Македонија” кога под изговор дека се прогонуваат политичките неистомисленици-комунисти, беа истерани десетици илјади Македонци од нивните вековни огништа. Како последица на тоа, само во денешна Република Македонија живеат околу 300 000 луѓе што потекнуваат од делот од Македонија под грчка власт, а по националност се декларираат дека се Македонци.
Ваша екселенцијо, ова се само дел од низата на факти што сакавме да Ви ги презентираме за да Ве увериме во исправноста на барањата на македонската јавност за да си го задржиме нашето вековно име-Македонија. Но, почитуван Господине амбасадор, со ова сакаме и да Ви предочиме дека беспредметни и неосновани се грчките тврдења за некакви наводни територијални претензии на Република Македонија кон Грција. Ние сме свесни за илјадниците жртви што македонскиот народ ги даде за неговото ослободување и за остварување на вековниот сон-создавање на самостојна македонска држава. Македонската историографија не сака да поттикнува ревизионистичка политика кон своите соседи и затоа ги повикува и своите колеги, посебно во Грција да ги остават нерешените прашања да бидат тема за некоја меѓународна историска конференција на која историчарите, а не политичарите, ќе го имаат главниот збор. Исто така сакаме да Ве увериме дека, ние како македонски историчари со силата на перото и аргументите, без употреба на јазикот на омразата, ќе ги браниме македонските национални интереси на нашата земја Република Македонија.
Согласно ова, почитуван Господине амбасадор, Ве повикуваме и апелираме до Вас и до владата на Вашата држава искрено да се заложи пред меѓународната јавност за праведно решавање на македонско-грчкиот спор и да ја подржите нашата држава во нејзината справедлива борба за задржување на своето уставно име-Република Македонија. Со потврдувањето на нашето вековно и библиско име и со подршката за влегување на Република Македонија во евроатланските структури, Вие ќе го потврдите искреното пријателство што македонскиот народ го чувствува кон Вас и кон Вашата држава. Ви благодариме.

Скопје, 23 февруари 2008 год.
Здружение на наставниците по историја во Република Македонија

среда, 12 септември 2007

ПМС и ПНС синдромот

Вообичаено е за секоја жена еднаш месечно да се соочи со ПМС (Пред менструален синдром). Кај некои жени тој е повпечатлив кај некои помалку. Некои се нервозни, некои се лути, а некои нема ни да ги приметиш дека се во друштво на ПМС ако не ти кажат. И до овде се е во ред, но вчера вечер јавно на телевизија ми се чини дека беше откриен и евидентиран уште еден синдром ПНС. Сега за сега овој синдром го чувствува/поседува само една жена но не е чудо да почне да се шири и на други. Добро овој по се изгледа не може да се рашири на целата женска популација, треба да се исполнат некои предуслови за да се здобите со ПНС.

ПНС е инаку кратенка од ПредНиколагруевскиСиндром. Основниот предуслов да се здобиете со ПНС е да сте лидерка на опозицијата во Македонија, во услови кога на позиција Премиер е некој чие име почнува на Н, како во нашиов случај.

Ја гледав синоќа Радмила Шекеринска во “Чуму“. До кое дереџе падна опозицијата во Македонија. Очигледно емисијата се одржа во најлош за неа момент бидејќи се чини нејзиниот ПНС е во својот зенит или барем близу највисоките вредности.

Се прашувам на што и се сведува животот на Шекеринска.

Влегува во Жито Лукс, прашува дали е тазе полубелиот леб и кога жената ќе и одговори дека е сабајлешен, оваа нејзе и одговора.

- Знаев, Никола Груевски го купил сиот тазе леб.

Кога полни бензин на Макпетрол, ако има само еден вработен на смена, се жали кај шефот на смената дека е тоа последица на работата на Никола Груевски и неговата Влада. Навечер кога доаѓа дома уморна од работа, за болката во стапалата не ги обвинува високите штикли, него Никола Груевски. Да не беше тој, немаше ни таа да работи до касно, а ако не работи до доцна нема да ја болат ноѕете. Зошто не работат семафорите пред Бисер, се знае Греуевски ги исклучил. Зошто паѓа NASDAQ, Груевски го бута. Зошто Неготино работи на Мазут не на плутониум се знае заради Груевски.

Едно е да се бориш за својот упропастен рејтинг друго е да бидеш лидер на опозицијата. Мизерниот рејтинг од не цели 2% не се покачува ако 300 пати го спомнете Никола Груевски во сите можни контексти каде тој не треба да се спомне, а во единствениот каде треба да се спомне не го спомнувате. Цела вечер Шекеринска викајќи дали Груевски потпишал или не, дали Груевски мафтал или не, се сликал или не заборави да го праша бившиот шеф на Груевски единственото по мене легитимно прашање поврзано со Груевски.

Не го праша Љубчо Георгиевски, зошто ниту еднаш не го спомна сегашниов Премиер и ниту во еден момент за катастрофата со ОКТА не даде барем еден сигнал (од позиција на бивш Премиер) дека Груевски како негов министер носи било каква одговорност. Занесена во својот ПНС, Шекеринска ја превиде единствената шанса да поентира пред јавноста не поставувајќи го клучното прашање. Не дали Црвенковски и Георгиевски на примопредавање на власта си намигнале и преќутно се договориле “Не ме чепкај, не те чепкам“. Шекеринска требаше да праша дали можеби Георгиевски и Груевски се договориле за истото. Требаше да праша зошто бившиот Премиер, кој загуби се на македонската политичка сцена од Груевски во ниту еден момент не го обвини или барем не посочи на него како учесник во сето тоа. Ако Георгивски има желба некому да врати ( а познавајќи го каков е малициозен, има таква желба) тогаш тоа е Груевски. Но тоа не се случи, а Шекеринска заборави да праша, ама не заборави да ја изрецитира нејзината омилена (и единствена) песничка “Груевски, Груевски“ или беше “Никола, Никола, нешто чудно ми се случува...“

На крај едно стана јасно, а тоа е дека Бучковски доби силна конкуренција.

Од сега на секое негово: Процедурално, процедурално, процедурално.... во Бихаќка бб, му се спротивставува по едно: Груевски, Груевски, Груевски.....

Ах таа Европа, Европа, Европа.......

понеделник, 10 септември 2007

Швајцарија на Балканите vol. 2007

Ова Швајцарија најчесто кој како сака го толкува. Најмногу сакаат да значи дека балканскава Швајцарија е или еден ден ќе стане развиена, богата и мирна како онаа алпската. Други мислат дека заедничко им се дупките во сирењето, трети тријат раце зошто ни следела кантонизација итн итн.

Ако своевремено оваа синтагма била создадена за да ја отслика етничката карта во Македонија и на нејзината тогашна безнадежност да и даде мал зрак светлина дека во некое идно време можеби ќе бидеме навистина Швајцарија, можеме ли да кажеме дека сме барем малку поблиску до светлината? Хм? Зошто мислев дека сме поблиску ама сеа сега се двоумам?

Иднината на Македонија е мултикултурализмот и почитување на принципите на мултиетничност. Можеме ние да се лажеме до бесвест дека решението за нас е цврст унитаризам каков што практикуваат Грција, Бугарија, Србија, Хрватска каде игра цврстата рака на мнозинството ама далеку сме од реалниот момент. Истото важи и за сонувачите на конфедерализмот, бинационалноста, федерализацијата со кантонизација и слични системи.

Мултикултурализмот сватен како начин на живот каде се почитуваат различностите и се прифаќа Другиот онаков каков што е е шансата за Македонија и тоа е она кое треба да се развива.

Дали го имаме избрано вистинскиот модел за развој на овој феномен и што е уште побитно дали го применуваме доследно или не овој модел ќе покаже времето.

Она што во моментов е сигурно и јасно е дека како и во сите приказни вистински позитивните ликови излегуваат на самиот крај. Никогаш оној кој на почетокот или во текот на филмот ви бил омилен лик на крај не е и најдобриот.

По кој знае кој пат се потврдува апсурдната вистина дека е полесно да си жртва, обесправен, помал отколку да си оној кој треба да ја заштити жртвата, да се избори за правата на оној кој ги нема, да му помогне на помалиот.

Кога се промовираше охридскиот рамковен договор се појавија анализи и констатации дека е тоа извонреден договор за македонскиот народ и дека тој благодетите на овој договор ќе ги почувствува кога ќе стане малцинство во својата сопствена држава. Не знам дали и кога ќе се потврди ова но се појасно станува дека улогата на малцинство е многу поубава. Исполнета е со многу поволности, во секој момент можете да правите глупости, а другиот да ви е виновен. Можете да бидете дежурен плачко, а постариот да си го собира на свој грб. Обврски скоро и да немате, а и она малку што ги имате не ги исполнувате зошто тоа го сваќате како притисок од мнозинството врз вашите права и слободи.

Новиот предлог изборен закон во желба да ја издигне мултиетничноста на Македонија на институционално ниво нуди квоти во Собранието. Обидот на Владата да ја стави во функција преамбулата на Уставот и да создаде услови во кои сите заедници ќе се чувствуваат рамноправни наиде на “високо дигнат ѓон“. Само наивните и неупатените веруваа дека главен противник на ваквите решенија ќе биде македонскиот дел од опозцијата или евентуално поголем дел од мак. народ.

Најавата за жестока амандманска расправа и поднесени 4500 амандмани од борците за рамковна Македонија кажува се. Албанската заедница падна на прет-тестот за прием во друштвото на доминантната заедница во Македонија.

Недавањето квоти за албанската заедница во законот на ваков или таков начин нив ги стави во еднаква позиција со мнозинскиот македонски дел. Без разлика дали сте 24% или 58% во Македонија еве ви шанса да бидете еднакви со оние против кои цело време се борите зошто ве потиснуваат на маргините. Но ваквиот “непристоен предлог“ веднаш беше осуетен и отфрлен. Албанците во Македонија не сакаат заеднички, мултикултурен живот. Нивната идеологија и нивната цел е сосема поинаква и тоа им е јасно на сите па и на врапчињата (без разлика дали се ЕУ или нон-ЕУ). Проблемот е што некој нема смелост тоа јавно да го призане. Наместо Албанците да бидат први кои ќе се се борат малите заедници да добијат квоти тие се првите против тоа. Заборавија како им беше кога се бореа за “позитивна дискриминација“ за квоти во државната управа, документи на нивниот јазик итн итн.

Не само што немаат заборавено, него многу добро го паметат тој период. Толку добро паметат, што не сакаат да го препуштат на другите. Знаат Албанците колку е убаво постојано да бидеш во позиција на некој кој е обесправен со или без наводници. Знаат дека во таа позиција е најлагодно. Имаш се, а никому не одговараш за ништо. Имаш власт, имаш моќ имаш пари, а никој ништо не ти може. Ако некој се дрзне да те провери, прекори, опомене за твојата несериозност тука се твоите тутори. Доволно е само да почнеш да плачеш на цел глас и ете ги сите душегрижници во твоја заштита. Затоа Албанците не сакаат никој друг да им го разбие монополот на малцинство во БЈРМ. Замислете што ќе се случи кога сите би ги имале нивните права. Замислете си каков преседан би било кога пратеник Турчин, би се појавил во Собранието и би барал малку повеќе права за своите. Замислете си во редот зад вас да седат тројца пратеници Срби, а вие сте незаштитен Албанец во македонското Собрание. Nightmare. Замислете си да како би им било на Албанците во Собрание ако им ја одземете омилената играчка наречена “Бадентер“.

Македонија на прагот на НАТО и ЕУ, со релаксирани политички односи, во кој никој нема да биде заложник. Функционално Собрание, каде се применети сите рамковни стандарди. Функционална демократија, систем кој создал услови подеднакви за сие без разлика дали се 65%, 24% или 2.4% во земјата.

Навистина Швајцарија на Балканите, ама за некого она Швајцарија е убаво само додека е некаде таму далку, додека се нарекува Швицарска и додека издава инвалидски пензии и ни служи за собирање емигрантски пари за куување пушки.

На крај само уште нешто. За потеклото на терминот Торбеш има разни теории. Од онаа најнародската дека ги викале торбеши зошто си ја продале верата за торба сирење, до обидите етимолошки, јазично и како не да се најде коренот на зборот и да се свати суштината на Торбешите.

И толку многу борба, толку многу наука, толку грижа за оние кои се Македонци, со исламска вероисповест, а кон кои минатото било сурово па нивната борба за опстанок ја подвело под графата Торбеши(продадени за торбата), за да на крај самите се потпишат под тривијалното народско толкување на поимот Торбеш.

Фиат Цановски, без око да му трепне си ги прогласи своите собраќа Македонци по вера муслимани за посебен ентитет Торбеши. За да болката биде поголема му се испушти (или не) дека манипулираат???? со бројката. Ма манипулирате гдине пратеник со луѓето и товарот кој го носат вечно да бидат растргнати меѓу националното и верското, манипулирате за ваши лични цели и корист, а не за достоинството на Торбешите. Ако ви е тоа битно тогаш си го знаете и местото и улогата.

среда, 22 август 2007

Груевски 23

Први Април на 21 Август. Па не знам баш дали е можно. Читам еднаш, читам два пати. Прашувам наоколу сите читаат исто.

Владата на Република Македонија донесе одлука за зголемување на платите на државната и јавната администрација за околу 34% во периодот од октомври 2007 до октомври 2009 година, соопшти денска премиерот Никола Груевски.Зголемувањето на платите, како што посочи Груевски на прес-конференцијата во Владата, ќе почне од октомври годинава по 10% годишно, а ќе бидат опфатени 108.114 лица вработени во државата и јавната админситрација. Се зголемуваат и пензиите за околу 20% во период од три години, почнувајќи од 1 јануари 2008.

“Покачувањето на платите, на пензиите и намалувањето на ДДВ за лековите се мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните по низата преземни активности на Владата за еконоско закрепнување на државата”, изјави Груевски. Вкупниот износ на средства за таа намена е меѓу 2,7 и 3,5 милијарди денари годишно или 1% од БДП.

“Владата, не очекува овие мерки да влијаат на стапката на инфлација” додаде Груевски.
За ваквата владина одлука е информиран ММФ.

Хуманитарна помош за погодените региони од невремето.

Намален ДДВ за лековите.

Борабата против корупцијата и криминалот ongoing.

Сменети сите неуспешни директори на Клинички. Who is next?

Неготино продадено двојо повеќе од идеата на СДСМ.

На виновниците за ОКТА им се стега обрачот.

Разоткриени сопствениците на по 30 дуќани и фирми низ ГТЦ и Рамстор земени за бадијала.

Злетовица почнува, малите хидроцентрали набрзо.

Македонија конечно купува згради за амбасади. Доста биле 17 години чергарство по светов.

НАТО early spring 2008.

Грција оди на парламентарни избори со топ тема името (ама на комшиите).

2008 почеток на падот на шенгенската бариера.

Македонската берза прибира инвсетиции со геометриска прогресија.

Процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, процедурално, ........ одекнува од некаде.

А мојот имунитет за да се скриеме зад него? А заканата дека ќе се радикализираме? А Вие и Вашите деца? А ракети што Ви фрлавме? А ако си одиме од собрание? А интерпелациите? А ..........

Guys you are off. You are out of game.

А овој Груевски како Michael Jordan.

Едноставно. Се што шутна влезе.

четврток, 5 јули 2007

Годишнина

Една година од изборите лани на кои ВМРО ДПМНЕ на Груевски победи.

Успешната политика на тогашниот тандем Бучкковски-Шекеринска македонскиот народ ја отфрли и им го даде мандатот на ВМРО ДПМНЕ. Народот си го задржа стилот на гласање – “На избори казнува“. Првичните резултати за “себеси полниот“ Бучко беа пата-пата, ама потоа се покажа дека се тоа само последните “трзаи“ на сдсмовската фела ре-инсталирана на власт по 2002г. На општо изненадување на сите Груевски им го начука до крај и малку повеќе од тоа на сите. Преговорите за новата Влада ги започна нормално со албанскиот блок. Бидејќи се знаеше дека ДПА е природниот партнер, ДУИ влезе во игра како појачување. Цело лето преговраше со ДИУ за да на крај ги отфрли од коалицирање со едноставно објаснувасње дека ВМРО не коалицира со терористи. Шлаканица која ДУИ одамна ја заслужуваше ама никој во СДСМ немаше ОО да им ја залепи. Проба Хари Костов на збогување, ама многу млако па го растурија после. Груевски ја формира владата со навистина тенко мнозинство но успешно ја менаџира. Се покажаа неоправдани стравувањата дека НСДП е сила и дека ќе ја држи владата во заложништво со своите 7 гласа. Малкуте проценки пред изборите дека НСДП е најобичен излив на незадовлство на една мала група одметнати сдсмовци се покажа точна. Не може да се очекува од фигура како Петковски да смени нешто во себе си кога 15 години не сменил ништо па ни фризурата.

Дојде новиот состав на владата и како што 98 СДСМ остана збунет од изборот на министри на ВМРО истото им се повтори и сега. Миснистри станаа, Македонци од странство, технократи, НВО претставници и сл.

Сепак најболниот момент за СДСМ и сателитите беше и останува тоа што Груевски таков каков што е е постојано 5-6 чекори пред опозицијата.

Додека СДСМ му се потсмева на неговата мана, што не може да каже Р и Л, и се подебаваат дека одел како патор, овој пичи и го дига рејтингот на мах. истовремено соборувајќи го нивниот на 0.

Додека СДСМ се заебава со него дека бил неспособен, дека магистрирал кај својот министер(Славевски) дека се женел втор пат во црква што не смеело, овој се што може да претстави како свој успех претствавува. Додека СДСМ се моли во ДУИ и нивниот бојкот дека тоа е начинот да се собори Груевски, овој инсталира систем каков досега го немало во Македонија.

Претходните влади не правеа ништо и оправдување за тоа имаа во легендарната за мак. полит. сцена, реченица “И вие така правевте“. Груевски прави можеби малку, ама барем знае да го претстави како многу.

Очигледно е дека 4те години опозиција Груевски ги користел да се “навежба“ и собрал околу себе неколкумина навистина стручни за обработка на опозициски партии во транзиција. Како инаку да се толкува ваквото работење “како бавча“ на опозицијава. Недела дена пред Конгресот на СДСМ, Груевски им се мешаше во внатрепартиските работи, а овие ко поп мрсна сарма ја лапнаа јадицата.

Понатаму, ќе и набаци на опозицијава некоја лесна топка за 40 – 15 и после ќе ги растрти 6:0 у гемови.

Им мести афери за непотизам (Мијалкови, Коневска-Трајковска, Јанкуловска и дечко и) и овие ќе налетаат на тоа, он у меѓувреме ќе испоаси еден куп фаци, ќе намали некој данок, ќе прогура некој закон.

Како евтино ја работи СДСМ и ДУИ да му падне жал на секој што посматра од страна.

Дека СДСМ нема оружје да се спротивстави на форхендот на Груевски нема. За тоа не треба многу филозофија и мудрвање. Да не беше така, немаше СДСМ секој месец дена да ги менува играчите кои се обидуваат да му парираат на ВМРО ДПМНЕ. Го пуштија Кондарко не им успеа, го пуштија Емилијан Станковиќ не им успеа, го пуштија Игор Шема не им успеа, го пуштија Есад Рахиќ едно време ама се заборавија па го отпуштија. Вчера гледам му го пуштија Макрадули, а он за греота се занел во играта во Луна Парк и на пресот дојде директно од таму со еден куп балони. И дека СДСМ никогаш ништо не можела да сочува ни покажа и вчера. За 15 мин. прес сите балони му летнаа. Нема тоа е тоа коа не те бива не те бива.

СДСМ последниве две недели се занимава со тоа дека високиот рејтинг на Груевски е опасен за Македонија зошто може да не одведе во диктатура. Тоа им е прва и основна стратегија за борба со Груевски во моментов. И во типично американски стил имаат влезна стратегија(напаѓаат дека 30% рејтинг е вовед во дикатура), но имаат и злезна стратегија. Вчера Макрадули ни соопшти дека всушност Груевски нема толкав рејтинг, туку дека се е тоа наместено од директорот на ИРИ кој е и советник на Груевски. Водечкиот американски институт ќе си го урива реномето со тоа што таму некаде на Балканот ќе мести анкети. Браво за опозицијата.

Нејсе. Ако мислат дека е тоа тоа само напред. И додека они се бават со рејтинзи, Премиерот ја приватизира Војна болница, носи одлука да ги дислоцира касарните и никој од опозицијата не му реагира. Не ми е јасно како е можно најголемата опозициска партија да премолчува вакви крупни политички одлуки. Владата носи одлука да задржи два воени центри на I и II армиска бригада во Штип и Кичево и полигонот Криволак, а СДСМ мува не ја лази. Ниту контрира ниту поддржува (ако е тоа добро нели). Единствена логика гледам во тоа дека Шекеринска намерно не реагира за да може Црвенковски д аја игра улогата на главен плачко и ревносен опозиционер. Иде 2009 веројатно така се надеваат дека ќе му го зголемат рејтингот, дупло, од 6 на 12% и така набилдан ќе ги испогази сите шлепери на претседателските избори.

Вакво работење “као бавча“ досега не сум видел во Македонија. Баш да видиме што ќе испадне од се ова. Добро обработена бавча дава и добри плодови (освен ако не е јалова ко оваа сдсмовскава).

Честито годишнина во (о)позиција.